ЛШ: Интер ја чека Ц. Звезда на “Меаца“, Арсенал против ПСЖ, Милан гостува во Леверкузен

51

Вечерва се играат девет средби од 2.коло во Лигата на Шампионите во новиот формат. Секако дека дербито е меѓу Арсенал и ПСЖ на „Емирејтс“ во Лондон, но сека дека за овие простори најинтересно би требало да биде во Милано на „Џузепе Меаца“ каде Ц. Цвезда му гостува на шампионот на Италија, тимот на Интер. По поразот од Бенфика на “Маракана“ мали се шансите белградските “црвено – бели“ вечера во Милано да дојдат до некој бод, да не кажеме немаат теоретски шанси за таково нешто.

Супер интересно ќе биде на “Бај Арената“ во Леверкузен каде вториот гигант од Милано, составот на Милан му гостува на германскиот шампион Баер Леверкузен.

Барселона по поразот од Монако стартот вечерва како домаќин мора по секоја цена да оди на трите бода против Јанг Бојс, додека Слован, тимот од Словачка кој во 1.квалификациско коло во ЛШ ја елиминираше нашата Струга ТЛ, го дочекува Манчестер Сити.

Image

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА

18:45 Салцбург – Брест

18:45 Штутгарт – Спарта Прага

21:00 Интер – Ц. Звезда

21:00 Дортмунд – Селтик

21:00 Барселона – Јанг Бојс

21:00 Леверкузен – Милан

21:00 Арсенал – ПСЖ

21:00 ПСВ – Спортинг

21:00 Слован – Манчестер Сити

ПретходноЕмбид ослабе десет килограми и најави голема битка
СледноМилевски утре ќе го објави списокот за дуелите со Летонија и Ерменија!