Нејмар се враќа во Европа – прави спектакуларен трансфер!

607

Бразилската ѕвезда Нејмар би можел да се врати во Европа следното лето. Каталонскиот спорт наведува дека 32-годишниот играч треба да стане ново засилување на Барселона како слободен играч.

Најубавите денови од фудбалската кариера Нејмар ги помина во Барселона. На „Камп Ноу“ пристигна во 2013 година од Сантос, остана четири години.

Во летото 2017 година, Барса го продаде на ПСЖ за се уште рекордни 222 милиони евра. Бразилецот зажали што некогаш отишол во Париз затоа што поминал шест години таму каде често бил брутално понижуван од своите фанови.

Често се зборуваше за негово враќање во Барселона, а на крајот тоа навистина може да се случи летото следната година.

“Жоан Лапорта сака да потпише со суперѕвезда за да се врати на Камп Ноу следната сезона. Ерлинг Халанд е голема желба, но Нејмар е друга опција”, пишува каталонски спорт.

Но, поради цената и цифрите кои ги заработува, Халанд е нереална опција за длабоко во долгови Барса, па засега најизвесна е опцијата за враќање на Нејмар.

“Нејмар би можел да се врати во Барселона во 2025 година. Договорот на играчот со Ал-Хилал истекува и тој би можел да се врати за да биде подготвен за Светското првенство. Лапорта сака големо име на отворањето на стадионот”.

Нејмар моментално е член на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, но пропушти речиси една година поради тешка повреда на коленото.

Сега почна да тренира и ќе има можност да влезе во форма во овој тим. Потоа треба да има враќање во Барселона.

Тој одигра 186 натпревари во дресот на Барселона и имаше ефект од 105 гола и 76 асистенции, а дали оваа статистика дополнително ќе се зголеми ќе видиме во наредните години.

ПретходноИнцијативата за спас на Работнички е поднесена, се е во рацете на Советот на Општина Центар
СледноНенад Димитријевиќ во центарот на вниманието – се најде во Топ 5 дебитанти во Евролигата!