На тренерот на Легија му се заканува три години затвор поради физички напад на екс-претседател

108
Trener na Legija
Фото: Shutterstock

Тренерот на Легија се соочува со три години затвор под обвинение дека физички го нападнал претседателот на неговиот претходен клуб Според полските медиуми, во март 2023 година, Гонсало Фејо фрлил пластичен предмет кон претседателот на својот претходен клуб Мотор Лубин.

Португалскиот фудбалски тренер Гонсало Фејо, кој од клупата ја предводи Легија Варшава е под кривична истрага за „повредување на едно лице и закани“, изјави за АФП портпаролката на обвинителството во Лублин, Агњешка Каепка.

„Нему му се заканува затворска казна до три години“, додаде таа.

Лани во април Фејо потпиша договор со Легија од Варшава.

ПретходноПик Сегед сигурен во Загреб!
Следно„Чкембари“ со порака: Бранко оди си!