Партизан на Раул и вторпат поразен, овој пат на гости во Порто

81
фото: RK Partizan AdmiralBet (FB)

Партизан предводен од Раул Гонзаелз го претрпе и вториот пораз во Лигата на шампионите. Порто со сигурна игра славеше пред своите навивачи против Партизан со 32:28. Португалскиот тим во поголемиот дел од натпреварот го контролираше резултатот и заслужено стигна до победата.

Антонио Мартинез беше најдобар стрелец кај Порто со осум гола, додека кај Партизан најефикасен беше Јоав Лумбросо со седум погодоци.

До убедлива победа вечерва стигна и Магдебург, кој на гостувањето во Швајцарија го совлада Кринс со 39:29.

Најголема драма имаше во Монпелје, каде што Барселона едвај се спаси и славеше со минимални 28:27. Без победник заврши и дуелот меѓу дански Скендерборг и Динамо Букурешт – 25:25.

ПретходноКартите за мечот на отворањето на новата НБА сезона стигнаа до 2500 долари
СледноЛЕ: Јуве испука „петарда“, Бешикташ моќно до три бода против Марсеј