“Не е нормално да европскиот шампион сеуште нема нов договор!“

120

Звучи сензационално, но така е. Луис де ла Фуенте ја однесе Шпанија на врвот на Европа, и затоа му беше ветено дека договорот ќе му се продолжи и ќе добива барем трипати повеќе од тие 600.000 годишно колку што зема во моментов. За споредба, некои селектори се платени двојно повеќе од него, селектори од Балканот, сега да не ги именуваме. Сепак ФС на Шпанија како да одолговлекува, а тој си кажа:

Не е нормално да европскиот шампион сеуште нема нов договор. Не знам дали истото ќе се случеше да беше Луис Енрике во прашање. Да, јасно е дека имав понуди по освојувањето на титулата на ЕП, но ги одбив. Дали ова досега се случило некогаш во историјата, работам за истите услови кога бев унапреден од младата во А репрезентацијата. Ќе беше чесно да добиев нов договор“ истакна селекторот на Шпанија.

Инаку постоечкиот договор на Де ла Фуенте со ФС на Шпанија, вреден 600.000 евра годишно е до 2026.

ПретходноИздаден налог за апсење на Слотер, ако биде прогласен за виновен, Реал ќе остане без трофеи
СледноВерстапен за тоа дали ќе “раскине“ со Ред Бул: Можеби да, можеби не…