Како судбина: И следниот ривал на Работнички ќе биде од Романија

125

Романскиот вицешампион Алба Блај ќе биде следниот ривал на нашиот одбојкарски првак Работнички во европските купови во женска конкуренција. Романките како да им се предодредени на шампионките, кои и иминатата година во Челинџ Купот за противник имаа романски ривал, а и оваа година и во Лигата на шампионите и сега следно во Купот на ЦЕВ ќе играат против состав од оваа земја.

Екипата на Алба Блај минатата сезона загуби во финалето на плеј-офот во романското првенство токму од Волунтари, противникот на Работнички во 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Сега, Алба Блај ќе го пречека нашиот првак на 13 ноември во првиот меч од 1/16-финалето на ова второ по ранг европско клупско натпреварување.

Средбата ќе се одигра во салата во градот Блај во областа Трансилванија од каде потекнува романскиот вицепрвак.

ПретходноАнгличани ќе ни судат во Ереван!
СледноПолувреме: ГООООЛ…. Атанасов за водство во Рига, Столе за малку до чудесен погодок! (ВИДЕО)