Вечерва Македонија игра во Рига против домашната селекција на Летонија, но веќе во недела гостуваме кај Ерменија во меч од 4.коло во Ц Лигата на Нации. За тој неделен дуел во Ереван познато е кој ќе ни суди.
Тоа е познатиот судија од Англија, Стјуарт Етвел кој редовно ја дели правдата во Премиер-лигата. Етвел има 42 години а со ФИФА амблемот е од 2009 година.
Помошници ќе му бидат Стјуарт Барт и Еикил Хоусон, додека четврти е Тони Херингтон.
Како што сега стојат работите може лесно да се случи токму тој меч во Ереван да биде решавачки во поглед на конечниот исход на табелата во групата 4 во Ц Лигата на Нации.










