Лудило: Торцида не дозволува поставување спомен – плоча на убиениот Македонец Сашко Гешовски во Сплит!

2881

Познато е дека на почетокот од војните во екс – СФРЈ, во Сплит во големиот протест во таа 1991 година беше убиен Македонецот Сашко Гешовски. Тој тогаш беше во служба во некогашна ЈНА. По тој повод деновиве има иницијатива да се постави спомен – плоча во Сплит на Гешовски.

Јасно, убава идеја, но навивачите на Хајдук, познати како “Торцида“ и тоа како се противи, дури со соопштение и се закани. Нив им пречи тоа што спомен – плочата ќе биде на кирилица.

Еве што порачаа од “Торцида“:

Градоначалник, заменик градоначалник и сите други клошари кои се кријат зад разни совети, комисии и иницијативи, имаме порака за вас!
Никогаш, но никогаш, нема да дозволиме да ги оцрнувате и клеветите хрватските бранители, нивните семејства и сите други Сплиќани и Хрвати, ниту да го користите јавниот простор за обиди да се соберат одвратни политички поени и на начин да се девалвираат вредностите и жртвите на Татковинска војна со поставување споменици на годините на непријателската и криминалната војска.
Вакви обиди, како на кирилица, во Сплит нема место!“

 

 

ПретходноВинсент Компани: На почетокот изгледаше дека Баерн може да победи!
СледноОва е претседател на клуб: Херојот Рикелме! (ВИДЕО)