Италијанската скијачка Матилде Лоренци (19) почина откако претрпе сериозни повреди при пад еден ден претходно додека тренираше на глечерот Сеналес во Јужен Тирол. Лоренци беше постар член на италијанскиот тим за алпско скијање, а беше дел и од италијанскиот воен тим.
Италијанската скијачка федерација во понеделникот објави дека скијачката паднала на патеката Граванд Г1 во Вал Сеналес, во североисточна Италија, и дека веднаш била пренесена со хеликоптер во болница. Според италијанскиот печат, скијачката изгубила контрола над скиите и силно ја удрила главата во ледената површина на патеката.
Специјалистката за брзи дисциплини, Матилде Лоренци минатиот март беше крунисана за шампион на Италија во супервелеслалом. Минатата зима, таа заврши на 6-то и 8-то место во спуст и супер-Г на Светското јуниорско првенство во 2024 година во Шател.