Менаџерот на Арсенал, Микел Артета рече дека се надева дека Норвежанецот Мартин Одегард ќе може да се врати во тимот пред почетокот на репрезентативната пауза.
Артета е вознемирен од постојано растечката листа на повреди, со тоа што Одегард е надвор од терените од септември поради повреда на зглобот, а дефанзивецот Рикардо Калафиори заработи повреда на коленото за време на победата од 1-0 во Лигата на шампионите над Шахтјор Доњецк на 22 октомври.
„Одегард тренира неколку недели и се надевам дека ќе се врати пред репрезентативната пауза. Би рекол дека Калафиори ќе биде надвор од теренот неколку недели“, изјави Артета.