„Млекарите“ двапати водеа, Јуве на крајот остана само со бод

38

Јувентус вечева не успеа да слави на домашен терен против екипата на Парма во еден од двата меча од 10. коло на Серија А лигата. „Старата Дама“ одигра само 2:2 против повратникот во елитата, екипата на Парма, која патем, двапати водеше со 0:1 и 1:2.

Головите за домашните со кои обезбедија макар бод ги постигнаа Меккени и Веа, додека радост за „млекарите“ двапати донесоа Дел Прато и Сом.

Во вториот меч вечерва, Аталанта сосема очекувано со 2:0 славеше дома против екипата на Монца и ја запиша шестата победа со која се најде на третото место на табелата.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноМиовски се „распука“: Мио постигна два гола за Џирона во Копа Дел Реј (ВИДЕО)
СледноЗаминувањето на Тен Хаг како да го „воскресна“ Манчестер Ј., Њукасл го преслуша Челзи