Се “пожешко“ е на врвот: Работнички и натаму е лидер, Шкендија е на -1…еве како изгледа табелата по 12.коло

469

Попладнево на програмата беше 12.коло во ПМФЛ. Работнички имаше 0:1 и со играч повеќе испушти шанса да победи во дербито во Кратово, ако се знае дека Алиќ во 76.минута израмни на 1:1. Во случај на победа на Силекс ќе имавме три екипи на врвот со по 23 бода.

Шкендија ја “реши“ Беса со 2:1 и сега му дојде на Работнички на само -1 бод, ова е уште позначајно ако се знае дека во недела на Арената играат токму Работнички и Шкендија.

Струга ТЛ со победата над Тиквеш во Кавадарци сега е на -5 во однос на лидерот.

Во секој случај „жешко“ е во битката за врвот, инаку еве како изгледа табелата по 12.коло во ПМФЛ:

ТАБЕЛА

Работнички 24, Шкендија 23, Силекс 21, Гостивар 21, Струга ТЛ 19, Шкупи 16, Брера 15, Пелистер 13, Беса 12, Воска 10, Тиквеш 8, Вардар 8…

ПретходноЌатип Османи: Екстра значајна победа на Струга ТЛ, се враќаме во игра за врвот на табелата!
СледноПривремениот менаџер на Јунајтед го прекина молкот по отпуштањето на Тен Хаг