У17: Младите надежи тргнаа со убедлив пораз во квалификациите (ВИДЕО)

647

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17. години денеска го стартуваше квалификацискиот турнир во Рејкјавик и на стартот претрпе тежок пораз.

Во дуелот со домаќинот на квалификацискиот турнир, селекцијата на Исланд, избраниците на селекторот Раде Каранфиловски загубија со високи 4:1 во меч во кој имавме и удар од белата точка, но не успеавме да го реализираме.

Во вториот дел Исланд со нови два гола веќе дојде и до 4:0. Головите ги постигнаа Кристјансон и Дадасон. Потоа во 79. минута Грашески промаши пенал, за почесниот гол да го постигнеме во 93. минута преку фудбалерот на Вардар, Марковски.
Во рамките на 2. коло се среќаваме со фаворитот Шпанија, која ја совлада Естонија во ова коло со 4:0.
ПретходноЕдна лоша четвртина за втор пораз на Пелистер во АБА 2 лигата
СледноИнтер го „реши“ Емполи во второто полувреме, Венеција победи со три гола од пенал (ВИДЕО)