Еден е Нголо Канте. Еден е репрезентативецот на Франција, некогашен ас на Челзи, а сегашен фудбалер на Ал Итихад.
Дечкото заработува 100 милиони евра по сезона, но тоа што го направи за време на паузата додека сите останати се освежуваа, навистина е за почит. Имено фановите на Ал Итихад фрлаа на теренот мали знаменца и други предмети, а Канте го чистеше теренот.
Секоја чест.
„Кандте треба да добие Златна топка“, “Без разлика за кој тим игра не можеш да не го сакаш“, “Канте има се што треба за да се биде човек и фудбалер“,“Сите го сакаат, ФИФА треба да воведе награда која ќе го носи неговото име“ се само дел од коментарите по најновиот потег на Канте.
After Al-Ittihad fans threw hundreds of yellow and black flags on the field during their game against Al-Ahli,
All the players took a drinks break apart from Ngolo Kante who stayed on the pitch and cleaned them all up…
What a man.👏 pic.twitter.com/yhvPCn5kf7
— george (@StokeyyG2) October 31, 2024