Маслинко: Сакаме да ја „нападнеме“ АБА-лига и да се вратиме во елитата!

50

МЗТ Скопје во новата сезона го чека битка на три фронта. Па од таборот на актуелниот првак се свесни дека ги чека тешка задача во забрзан ритам, но тоа нема да ги спречи во остварување на целите. Покрај одбраната на двојната круна, главен приоритет е пласман во АБА-лига, како и добро издание во ФИБА Европа Купот.

„Се надевам дека ќе бидеме конкурентни на сите полиња. Сезоната е долга и тешка, особено во првиот дел кога имаме натпревари на секои три-четири дена, имаме многу гостувања и треба да се издржи тој ритам. Би сакал да бидеме конкурентни во ФИБА Европа купот за да видиме до каде сме, а што се однесува до АБА-лигата, ќе ја нападнеме за да ја освоиме и да се вратиме во елитното друштво. Што се однесува до домашната сцена, сакаме нова двојна круна. Кој ни  се најголемите ривали? Куманово и Работнички“, вели Андреј Маслинко.

Македонскиот репрезентативец имаше тека година зад себе, беше надвор од терените, но најважно е дека сега се чувствува одлично.

ПретходноРизоска: Сите сакаме да се покажеме во најдобро светло, зошто да не го освоиме и трофејот!
СледноУтре дефинитивно без Бобан Николов