Македонија на утрешниот меч против репрезентацијата на Швајцарија во рамките од првото коло од новата Лига на Нации ќе мора да се справи со противникот без Бобан Николов. Првотимецот на Вардар, се повреди на еден од тренинзите на репрезентацијата и нема да биде во можност да помогне.
Дали ќе биде подготвен за мечот против Словенија кој што го играме на 29.09.2026 останува да видиме.
Од нашиот табор не најавија дека е можно да има дополнителен повик како замена за Дарко Чурлинов кој што не допатува, а еве сега и за Бобан Николов.










