Македонскиот национален состав утре со почеток од 20:45 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра првиот од четирите по распоред мечеви кои што се во овој репрезентативен прозорец на распоред.
Тема за нас е репрезентацијата на Швајцарија која што во Скопје доаѓа како премиерен противник за нас од Б дивизијата од најновото издание од Лигата на Нациите.
Селекторот Гоце Седлоски пред неколку дена го објави списокот, во понеделникот ги собра репрезентивците во базата, а денеска на официјална прес конференција го најави утрешниот меч.
„Дали екипата е подготвена, да. Овие четири тренинзи кои што ги направивме, ме задоволија. Сите се подготвени, сите си ги знаат своите задачи. Швајцарија се знае која е, но мора против сите секако да се игра. Со помош на публиката се надеваме на поддршка, сите колективно се надеваме на поволен резултат. Кој ќе настапи за Швајцарија нас не не интересира. Нас ни е битно како ние ќе изгледаме. Мене ми е важно сите кои што ќе настапат да се 100% на терен. Нема лутење. Публиката нормално ни е потреба. Посакувам атмосфера, како во најубавите времиња на оваа репрезентација. Немам замерка на ниту еден играч. Пресреќен сум што имам такви дечки околу мене. Респект за Швајцарија, но ние мора да гледаме ние како ќе изгледаме„ – рече селекторот Гоце Седлоски.










