Македонската женска ракометна репрезентација со „Трофеј Македонија 2026“ ги стартуваше подготовките за Европското првенство. Овој меѓународен турнир е одлична можност за да ракометарките се запознаат со новиот селектор, Игор Марковиќ и да почнат да градат стратегија за вистинските предизвици.
Емилијана Ризоска не крие дека посакува да го освојат „Трофеј Македонија“, а клучот ќе биде агресивна одбрана и борбеност на теренот, нешто што го видовме во победата против Србија, а се очекува овој стил на игра да стане заштитен знак на нашиот најдобар национален тим.
„Сакам да им се заблагодарам на противникот за фер и коректниот натпревар, а на мојата екипа да ѝ честитам за победата. Одигравме според договореното, се што ни беше зададено како задача од страна на селекторот го реализиравме.










