„Стаклениот“ Нејмар повторно се повреди, нова пауза од две недели

37

Напаѓачот на Ал-Хилал, Нејмар, повторно е повреден. Тој влезе во игра за екипата на Ал Хилал во 58. минута од мечот со Естеглал (3:0), а мораше да излезе во 87. поради повреда на тетивата.

Тренерот на саудискиот тим  Хорхе Жезус изјави дека Бразилецот ќе мора да отсуствува најмалку две недели.

„Коленото му се опорави, но сега има слични проблеми, проблеми со мускулите, бидејќи долго време не играше“, рече Жезус.

Нејмар немаше играно една година поради повреда на вкрстените лигаменти на коленото. Тој се врати на терените во октомври и на два меча одигра вкупно 43 минути.

ПретходноАморим ќе донесе нов дефанзивец на „Олд Трафорд“
СледноЗаре Марковски е нов тренер на италијанска Естра Пистоја