Грузиска четворка на центарот во Скопје за мечот со Летонија

163

Судиска четворка од Грузија предводена од Гога Кикачеишвили ќе го суди четврточниот натпревар на нашата фудбалска репрезентација против летонија во рамките напретпоследното 5. коло во Лигата на нации. УЕФА денеска ги објави судиите кои ќе раководат со натпреварите од претпоследната рунда во ова европско репрезентативно натпреварување.

На 33-годишниот Кикачеивили во Скопје ќе му асистираат Ахвеледијани и Габисониа, додека четврти судија на средбата ќе биде Квириквашили. Инаку, Кикачеивили досега и има судено на Македонија, во во конкуренција на играчи до 21 година. Тој беше главен судија пред две години на квалификацискиот меќ меѓу Украина и Македонија, кој младите Украинци го добија со 4:0.

Мечот меѓу Македонија и Летонија ќе се одигра на Националната арена во Скопје од 20.45 часот.

ПретходноКоментар на 14.коло: Ова е НОВИОТ Вардар, Работнички го фати криза, Силекс е речиси перфектен, шампионот се “загрева“…
СледноСкандал: Судија од Премиерлигата го нарече Ливерпул – „ср*ње тим“