Нема кој да ги запре: ТФТ славеа и против Работнички во „Кале“ (ФОТО)

239

Во последниот натпревар од 6. коло во Првата МТЕЛ лига на Македонија, кошаркарите на Работнички беа поразени на домашен терен од екипата на ТФТ во граското дерби во „Кале“. ТФТ славеше со 77:85 и ја запиша шестата победа од почетокот на сезоната, со што остана лидер на табелата и единствен тим со 100% ефект од стартот на првенството.

Вечерва во „Кале“ гледавме прилично израмнет меч, особено во првите 20 минути. И двата тима не дозволуваа противникот да се одлепи, па на полувреме се отиде со минимална предност на ТФТ од само еден поен (38:39).

Во второто полувреме гостите одиграа одлична трета четвртина во која се чини и го направија најголемиот чекор кон победата. Го добија третиот период со пет поени разлика и во завршните 10 минути влегоа со плус 6, што до крајот некако успешно ги изменаџираа. Работнички последната шанса да се врати во игра за победа ја пропушти на една минута пред крајот, кога Говенс постигна тројка за ТФТ во истекот на нападот и донесе 77:83 за гостите. Потоа Работнички не успеа да поентира, а гостите само ја потврдија победата со поените на Гринли од линијата за слободни фрлања.

Гринлис о 24 и Говенс со 19 поени го носеа ТФТ до победа. Кај Работнички Ѓуроски постигна 25, а Ефремовски 20 поени.

ПретходноСо новиот трипл-дабл, Јокиќ се доближи до еден од најголемите досега
СледноСега е потврдено: Ван Нистелрој си оди од Манчестер Ј.