Македонската машка кошаркарска репрезентација во ноември ја чекаат два меча со селекцијата на Литванија во рамките на квалификациите за Евробаскетот 2025 година.
На 21. ноември во Скопје, во СРЦ „Кале“ се игра првиот меч, додека три дена подоцна Македонија гостува во Клаипеда.
Избраниците на Александар Јончевски по првите две кола имаат победа и пораз, на домашен терен беа совладани од Естонија, додека пак славеа против Полска на гостински терен.
Во пресрет на овие два исклучително важни натпревари, селекторот Александар Јончевски го одреди и оној поширок список на кандидати за настап во националниот тим за овие два натпревари.
Останува отворено прашањето кој од нашите кошаркари ќе се најдат во скратената верзија. Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс настапуваат во Евролига, а додека пак на списокот го нема Андреј Јакимовски, кој настапува во НЦАА и за овој прозорец не е возможно да помогне.
ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:
Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Ти-Џеј Шортс, Амар Хот, Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири, Теодор Симиќ, Максим Митевски, Андреј Митревски, Страхил Николов, Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Итан Хап, Виктор Ефремовски, Марин Петков.










