Ѓоковиќ повеќе не е меѓу петте најдобри играчи во светот

100

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не е меѓу најдобрите пет тенисери во светот. Ноле падна на шестата позиција на АТП листата, додека Американецот Тејлор Фриц се искачи на петтата позиција.

Поради опоравувањето од повредата, Ѓоковиќ се повлече од завршниот Мастерс во Торино и може да испадне од друштвото на најдобрите десет играчи во светот.

Даниил Медведев со 3830 бодови е на четвртото место позади Карлос Алкараз кој има 6810 бода, втор е Алекс Зверев (7315) и на врвот и натаму е Јаник Синер кој е немилосрден со 10530 поени.

ПретходноЈончевски го објави поширокиот список: Без Андреј Јакимовски на двомечот со Литванија
СледноМилевски прозиваше за Летонија и Фарски Острови