Македонската фудбалска репрезентација предмалку ја одржа официјалната прозивка пред последните два дуели од Лигата на Нациите против Летонија односно Фарските Острови.
Нашиот национален тим на чело со селекторот Благоја Милевски има за задача да ги добие овие последни два дуели и да заврши како прв во групата, со што автоматски влегува во Б дивизијата од Лигата на Нациите.
Секако, тоа е приоритет, односно она што селекторот Милевски константно го напоменува периодов. Дека главна цел е пласманот во поголениот шешир и секако постепено подмладување на селекцијата со вкомпонирање на младите репрезентативци.
Од нашиот табор велат дека засега нема откажани за овој собир освен Кристијан Трапановски кој и онака беше под знак прашалник.
Новитет секако се Сефер Емини и голманот Марко Алчевски.















