Младата репрезентација го стартуваше тренинг кампот и подготовките за мечевите со Косово

237

Репрезентацијата на Македонија до 21. година денеска го имаше својот собир по повод двата тест мечеви против Косово. Истите се играат на 14 односно 17 ноември, а главна цел е филтрирање на повиканите репрезентативци кои со 2004 односно 2005 годиште за наредниот квалификациски циклус.

Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Матеј Ангелов даде свое видување и коментар за новата генерација на млади фудбалери, како и за претстојните натпревари со Косово.

„За овие контролни натпревари повикани сме поголем број на фудбалери. На дуелите со Косово ќе треба да го покажеме нашиот квалитет и да ја ооправдаме довербата на селекторот. Мислам дека оваа нова генерација има квалитет и потенцијал за да оствари позитивни резултатит. Неколку фудбалери, а меѓу нив и јас имавме можност да бидеме дел и од претходната генерација, а тоа за нас претставуваше едно големо и драгоцено искуство, кое верувам дека ќе има позитивно влијание. Двата контролни натпревари со Косово ќе ни послужат што е можно подобро да се подготвиме и воиграме за претсојните предизвици што не очекуваат во следниот квалификациски циклус. Ние како фудбалери максимално се ставаме на располагање на селекторот и стручниот тим, подготвени сме позитивно да одговориме на тоа што ќе се побара од нас на теренот. Сакаме да дадеме се од себе на следните натпревари со Косово, за да го потврдиме нашиот квалитет. Од новата генерација може да се очекува голема сплотеност,натпреварувачки дух и желба за докажување. Сакаме да покажеме голема борба, желба и мотивација на секој натпревар, без разлика на противникот, тоа е единствениот начин како треба да се претставува репрезентативниот дрес“ – изјави Ангелов.

 

 

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 14.КОЛО: Вардар го најде “пато“ за Шкупи
СледноАртета крајно разочаран по поразот од Челзи: Треба да „покажеме заби“