Артета крајно разочаран по поразот од Челзи: Треба да „покажеме заби“

338

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета остана разочаран од ремито 1-1 во дербито со Челзи. Тој смета дека неговиот тим ја заслужил победата и овој бод воопшто не го радува.

„Победи, победи и победи, тоа е она што треба да го направиме. Нема ништо што можеме да направиме за нашата позиција во поредокот во моментов. Мораме да научиме дека во тешките моменти мора да покажеме заби и да се бориме за победата. Кога сте во Дизниленд сè е прекрасно и сите се добри со вас.

Разочарувањето што не ги освоивме трите бода е големо. Веројатно ќе биде уште поголемо откако ќе ја гледам видео-снимката од натпреварот. Мислам дека доминиравме и бевме подобриот тим во повеќето ситуации на натпреварот. Беше разочарувачки начинот на кој го постигнавме голот, тоа не ги задоволува нашите стандарди и не можам да го прифатам тоа, сепак, реакцијата на тимот беше одлична“, изјави Артета. 

Арсенал има 19 бода исто колку и третопласираниот Челзи, но и Нотингем Форест и Брајтон.

ПретходноМладата репрезентација го стартуваше тренинг кампот и подготовките за мечевите со Косово
СледноФОТО НА КОЛОТО: Ване не сакаше да се радува на голот, ама сепак се израдува на победата!