Марко Џампаоло ќе биде новиот тренер на Лече

97

Тимот на Лече обезбеди победа над тимот на Рома, а воедно и го најави својот нов стратег. Се работи за Марко Џампаоло кој што ќе го наследи на „жешкото“ столче веќе заминатиот Лука Готи.

Договорот кој го потпиша Џампаоло е до крајот на сезоната, а нормално истиот автоматски ќе биде продолжен доколку Лече обезбеди опстанок.

Така Џампаоло се враќа на тренерската работа по пауза од две години. Последен пат беше на чело на Сампдорија , од каде беше ослободен во октомври 2022 година. Покрај тоа, 57-годишниот стручњак ги водеше екипите на Каљари, Сиена, Катанија, Чезена, Бреша, Кремонезе, Емполи, Милан и Торино. Неговото деби ќе биде на 25 ноември на мечот против Венеција.

 

ПретходноСкандал: Судија од Премиерлигата го нарече Ливерпул – „ср*ње тим“
СледноСо новиот трипл-дабл, Јокиќ се доближи до еден од најголемите досега