Косовските репрезентативци го напуштија теренот во Букурешт (ВИДЕО)

2513

Натпреварот од Ц-сегментот во Лигата на нации меѓу Романија – Косово изненадувачки беше прекинат во судиското продолжение. Имено, откакло беа покажани 4 минути дополнително време за игра при резултат 0:0, репрезентативците на Косово го напуштија теренот на Националната арена во Букурешт.

Според романските медиуми, причина најверојатно се скандирањата од трибините „Србија, Србија“, иако имаше и едно столче кое летна на тревникот. Судијата Мортен Крог се обидува да ги убеди косовските фудбалери да се вратат на теренот.

ПретходноЛН: Србија со реми остана во игра за четвртфинале, Хрватска поразена на „Хемпден Парк“ (ВИДЕО)