Неверојатно: Ниту еден од стартерите на Мароко не се родил во таа земја!

111
ФОТО:x.com/FIFAWorldCup

Ете тоа е фудбалот. Утринава во Њу Џерси, фудбалерите на Мароко ремизираа со Бразил со 1:1 во првото коло од Групата Ц на Светското првенство.
Иако за ривал имаа петкратен светски шампион, Мароканците се тие што жалат за двата бода, бидејќи беа значително подобри и го надиграа „Селесао“ во сите елементи на фудбалот.
Натпреварот во Њујорк засекогаш ќе биде запишан во историјата на Светското првенство, а за тоа се погрижија Мароканците, кои направија почетен состав без ниту еден играч роден во таа земја.
Ашраф Хакими, Исмаел Саибари и Чади Риад се родени во Шпанија. Франција ги произведе Иса Диоп, Нил Ел Аџнауи, Ајуб Буади и Ел Мурабет, додека Чемсдин Талби и Билал Ел Ханус се родени во Белгија. Десниот бек Нусаир Мазрауи е роден во Холандија, а голманот Јасин Боно во Канада.
Немојте сега да сте во недоумица, сите тие се Мароканци по потекло и се деца на родители кои, во потрага по подобар живот, отишле да работат во земјите споменати погоре.
Оваа информација најдобро ја илустрира силата на мароканската дијаспора, но и успешната стратегија на Фудбалската асоцијација на Мароко, која со години успешно привлекува фудбалери од мароканско потекло родени низ цела Европа и Северна Америка.
Тој систем ги однесе до полуфиналето на последното Светско првенство во Катар, и изгледаат одлично и овој пат, а останува да се види колку далеку ќе стигнат.

ПретходноФантастична премија: Гол вреден 3 милиони долари и Ролс – Ројс!
СледноБарселона со среќна 13-ка во Лигата на шампиони