Македонската женска ракометна репрезентација ситно брои до стартот на Европското првенство кое стартува на 28. ноември, а ќе се одржив во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Дебрецин е базата на избраничките на селекторот, Кристијан Грчевски, а во група ќе играат против Шведска, Турција и Унгарија. Нашите ракометарки веќе се во Унгарија каде за два дена ќе ги одмерат силите против Шведска.
Сите мечеви од ова натпреварување македонските фанови ќе можаат да ги гледаат на Арена Спорт, денеска и официјално потврдија од ЕХФ.