Алкалоид убедлив против Вест Виена: 1/8 финалето во Европскиот Куп веќе е реалност (ФОТО)

219

Екипата на Алкалоид ја оправда фаворитската улога против Вест Виена, на првата средба во рамките на 3. коло во ЕХФ Европската лига славеше со убедливи 38-27 (20-14). Избраниците на Кирил Лазаров се на пат кон осминафиналето, утре, исто во 19 часот треба да стават печат на пласманот во следната рунда.

Во Автокоманда се играше во одлична атмосфера, Алкалоид обои салата во „црвено-жолтата“ боја, имаше бројни македонски знамиња, што предизвика посебно чувство кај пристуните.

Галевски беше одличен, запиша десет одбрани (две од седум метри), во вториот дел влезе Трајкоски кој запиша шест одбрани. Петковски имаше девет гола, осум запиша Серафимов, Митев имаше седум.

Гостите беа рамноправен противник само во првите две минути, отворија со 0-2 и тука застанаа. Алкалоид преку Петковски, Митев и Бинго во петтата минута поведе со 5-3. На другата страна В.Виена се обидуваше да остане во резултатски ритам, но македонскиот тим со нов налет на средината на првото полувреме дојде на плус шест (16-10). Најголемата позитива во овој период од мечот беше седум гола (14-7, 15-8, 16-9, 17-10, 18-11 и 20-13). На одморот резултатот беше 20-14. На голот на Алкалоид беше Иван Галевски кој запиша седум одбрани, две од седум метри.

 

Второто полувреме беше веќе чиста формалност, момците на Лазаров беа влезени во ритам, па после осум минути игра на семафорот стоеја двоцифрени 26-16. Плусет десет беше и во 44 минута, по одбраната на Галевски, Стојковиќ реализираше од контанапад за 29-19. Петковски кој беше расположен на овој дуел на нецели пет минути до крајот зголеми на плус 11 (35-24). Тука беше крајот на оваа средба.

Реваншот исто е закажан за 19 часот во салата Автокоманда, а пренос ќе има на МРТ 3.

Претходно“Скудерија Новак“: Ѓоковиќ “тренираше“ во гаражата на Ферари! (ВИДЕО)
СледноНено одличен, Милано го победи Фенер среде Истанбул!