Ракометниот клуб Загреб ги суспендираше своите две ѕвезди Милош Кос и Звонимир Срна. Како што откри клубот во соопштението за медиумите, Кос и Срна се суспендирани поради физичка пресметка во соблекувалната, која ја предизвикал Кос по домашниот пораз од Нант во средата во Лигата на шампионите.
„Ве информираме дека Дисциплинската комисија на ракометниот клуб Загреб донесе одлука за привремена суспензија на ракометарите Милош Кос и Звонимир Срна поради физички конфликт предизвикан од Кос по вчерашниот натпревар против Нант во Арена Загреб“, се вели во соопштението за медиумите.
Привремената суспензија останува во сила до завршување на постапката што ќе ја води Дисциплинската комисија на Ракометниот клуб Загреб.