Каланоски е следниот кој си замина од Брера

620

По Марјан Ристовски односно Даниел Миловановиќ, следен кој повеќе нема да го видиме во дресот на Брера е искусниот напаѓач, Антонио Каланоски.

Тој си заминува од Струмица по турбулентната полусезона, и ќе видиме каде ќе ја продолжи карирата на пролет.

Очигледно дека тимот на Брера во продолжението од сезоната ќе изгледа далеку поинаку одколку досега, затоа што веќе неколку играчи си заминаа, а има уште две кола за доигрување од есенскиот дел.

Јанкулов, Ристовски, Миловановиќ, Манев, Лазиќ, Стамениќ, веќе неколку кола не се дел од тимот, а беа стандардни првотимци, факт кој што вели дека тренерот Горазд Михаилов на пролет ќе располага со сосема нов ростер.

 

ПретходноПеп, Алонсо, Анчелоти, Де ла Фуенте и Скалони се номинирани за признанието на ФИФА за најдобар тренер! (ФОТО)
Следно“Расадник” може да биде новиот дом на РК Вардар