Денеска на теренот на ФФМ во Скопје, нашата најдобра женска репрезентација со 3:2 успеа да ја победи селекцијата на Црна Гора. Нашите фудбалерки поведоа со голот на Меијер во 5.минута, а гостинките израмнија во 14.минута со голот на Карличиќ.
Сепак пет минути подоцна Рочи со убав гол го врати водството за Македонија, а во 41.минута Максути зголеми на 3:1. Со тој резултат се замина на пауза.
Во второто полувреме, поточно во 59.минута, Црна Гора успеа да ги постави конечните 3:2.
Ова беше првата контрола, на 3 декември се игра и втората пријателска средба меѓу овие две селекции.