Сара Хектор е победник на велеслаломот во Килингтон

70

Швеѓанката Сара Хектор е победник на велеслаломот кој што се одржа во американскиот ски центар Килингтон. Таа имаше најдобро време пред одличната денеска репрезентативка на Хрватска, Зринка Љутиќ која што заврши како втора, додека последна на пиедесталот се искачи претставничката на Швајцарија, Камил Раст.

Главниот кандидат за освојување на златниот глобус, Михаела Шифрин не ја заврши трката. Сепак, и покрај тоа, таа и натаму води во генералниот пласман со 245 бода, пред Катарина Лиенсберг од Австрија со 148 поени и Лена Дуер со 131.

 

ПретходноМилан лесно против Емполи
СледноАлкалоид стави победнички печат на осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп (ФОТО)