Капело: Гвардиола е одличен тренер, но е многу арогантен

218

Искусниот и екстра трофеен тренер Фабио Капело со голема доза на критика се освна на моменталната ситуација со Пеп Гвардиола и неговиот тим Манчестер Сити. Синоќа Сити загуби од Јувентус во најновото коло од Лигата на Шампионите, во Торино со 2:0, резултат што уште повеќе ја продлабочи кризата во клубот.

„Гвардиола е одличен тренер, но многу арогантен и претенциозен. Понекогаш дури и губеше трофеји затоа што сакаше да покаже дека тој ги освоил, а не играчите и за таа цел ги вадеше клучните играчи на големите натпревари. Според мене ова е да го одврати вниманието и да ги одземе заслугите од неговиот тим“, изјави Капело пред микрофоните на Sky Sport Italia.

Капело не му остана должен на голманот на Сити, Едерсон, квалификувајќи го како „катастрофа“. Неговото мислење за Едерсон го поддржа и поранешниот италијански напаѓач Паоло Ди Канио.

„Едерсон има талент, но е толку арогантен што греши само од преголема самодоверба и желба да се покаже“, изјави поранешниот играч на Лацио.

ПретходноМанчестер Јунајтед одреди ниска трансфер цена за Рашфорд
СледноМиовски пред утрешната ждрепка: Данска, Романија, Луксембург и Сан Марино, ова е најдобрата група за Македонија на патот кон СП 2026!