Работнички го потпиша првото засилување за продолжение на сезоната во ПМФЛ. Тимот од „Градски Парк“ се договори со Миле Тодоров, кој се враќа после шест години.
Тодоров и Работнички потпиша двегодишен договор. По својата прва авантура во дресот на „романтичарите“ играше во Хрватска и во Босна, а по враќањето во Македонија, поранешниот младински репрезентативец го носеше дресот на Победа, ФК Скопје и на Тиквеш.