Барса како домаќин во елиминациската фаза во ЛШ можеби ќе мора да игра во Мадрид?!

171

Барселона никако да ги одмине проблемите. Речиси секојдневно каталонската гордост се соочува со нив. Најново е тоа што Барса нема каде да игра во елиминациската фаза во Лигата на Шампините како домаќин.

Имено познато е дека “Камп Ноу“ и дефинитивно нема да биде готов до крајот на сезоната, а договорот со градските власти за користење на “Монжуик“ завршува на почетокот на пролетта и овој клуб нема право да биде домаќин на меѓународни мечеви на тој стадион во градот Барселона.

Се шпекулира со стадионот на градскиот ривал Еспањол, потоа со “Местаља“ во Валенсија и со “Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

УЕФА притиска и бара од сите клубови во ЛШ да пријават домашни стадиони за напролет, а тоа Барса ќе мора да го стори најдоцна за две – три недели.

Сепак се очекува Хоан Лапорта да има состанок со градските власти и да побара престојот на “Монжуик“ да биде продолжен за некој месец.

Во спротивно ќе мора да се бара друго решение, а тоа се вика Мадрид и стадионот на Атлетико Мадрид – “Ванда Метрополитано“.

ПретходноСензационално: Гарначо во нападот на Атлетико Мадрид?!
СледноКилијан Мбапе: Во ПСЖ ќе останев до крајот на кариерата ако не беше повикот од Реал Мадрид!