Брилјантна партија на Љафтов, ПАОК со Јошко во четвртфинале на Челинџ Купот

51

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов одигра извонреден меч во реванш дуелот од осминафиналето на Челинџ Купот на ЦЕВ и го однесе солунски ПАОК во четвртфиналната фаза. Тимот предводен од трофејниот македонски стратег и екс-селектор, Јошко Милекоски, оствари и втора победа над унгарскиот состав Шекесфехервар, овој пат со 3:1 на домашен терен, со што го запечати пласманот меѓу осумте најдобри.

ПАОК на овој меч го имаше неверојатно расположениот Љафтов кој средбата ја заврши како најдобар поентер за солунчани, реализирајќи 18 поени. Од нив имаше и еден ас и две блокади.

Во четвртфиналето Миленкоски и Љафтов ги чека нов предизвик. Овој пат противник ќе биде екипата на Анкара од Турција, која е еден и од главните фаворити за освојување на трофејот во ова натпреварување.

ПретходноКилијан Мбапе: Во ПСЖ ќе останев до крајот на кариерата ако не беше повикот од Реал Мадрид!
СледноПрекрасен гест: Јамал со подароци за сите членови на “Ла Масија“! (ФОТО)