Килијан Мбапе: Во ПСЖ ќе останев до крајот на кариерата ако не беше повикот од Реал Мадрид!

371

Изминатиот летен преоден рок конечно се оствари еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот. Трансфер кој беше договаран две години, па така сега Килијан Мбапе веќе неколку месеци игра за Реал Мадрид, но сепак не го заборава ни ПСЖ. Како прво тој има судски процез со неговиот некогаше клуб за неисплатени плати и бонуси, како второ не заборава во суперлативи да говори за ПСЖ.

Малку е контрадикторен, но тоа е Мбапе.

Еве што кажа деновиве Мбапе за ПСЖ:

Мина седум години во тој клуб, ми беше голема чест. Познато е дека ПСЖ е најголем клуб во Франција и еден од најголемите во Европа. Мислам дека не се покажав доволно во ПСЖ, тоа никогаш не сум го рекол, но така е. Сега сум во најголемиот клуб во светот, тоа беше мојата животна желба. Се разбира дека ако не беше повикот од Реал веројатно ќе останев до крајот на кариерата во ПСЖ“ посочи Мбапе.

ПретходноБарса како домаќин во елиминациската фаза во ЛШ можеби ќе мора да игра во Мадрид?!
СледноБрилјантна партија на Љафтов, ПАОК со Јошко во четвртфинале на Челинџ Купот