Шампионот му “раскина“ на Дујмовиќ!

684

Очекувано. Првиот потег на раководството на Струга ТЛ во текот на оваа зимска пауза беше раскинување на договорот со голманот Филип Дујмовиќ. Босанецот, кој има и хрватски пасош, во летниот преоден рок дојде во редовите на шампионот како големо засилување, но искрено воопшто не ги оправда очекувањата. По враќњето на Ведран Ќосевски, а тука се и Христијан Стевковски и Раиф Мирселовски, јасно беше дека се чекаше само завршување на есенската полусезона за да Струга ТЛ и Дујмовиќ ја раскинат соработката.ж

Инаку според нашите информации стружани нема посебно да се засилуваат во зимскиот преоден рок. Тие и така имаат одличен и звучен тим, голем ростер, а со враќањето од повредите на Буњамин Шабани и Бесмир Бојку, јасно е дека Струга ТЛ напролет ќе има уште посилен тим.

Раководството на клубот смета дека ако веќе се носат нови имиња тие да бидат едно до две, но со екстра квалитет за наши услови.

ПретходноУжас:Убиен фудбалер во Англија!
СледноДонарума се огласи по тешката повреда во Монако! (ФОТО)