Прашањето што легитимно се поставува оваа сезона во НБА е кој ќе може да го запре Виктор Вембањама во иднина? Кога Французинот дојде во лигата, можеше да се слушне многу критики за неговата градба, дека е преценет и слично.
Сепак, се што прави Вембањама оваа сезона го кажува токму спротивното, а тоа беше случај и синоќа против Лос Анџелес Клиперс. Во првата четвртина, неверојатниот Французин постигна невозможни 17 поени за само седум минути и 33 секунди шутирајќи 86% од поле.
Victor Wembanyama is on a TEAR in the 1st quarter 😱
🔥17 PTS 86% FG
⏰ 7:33 MIN pic.twitter.com/PMmR9xgm4B— NBA TV (@NBATV) January 1, 2025
Колку е супериорен против „просечните“ кошаркари кои се со „нормална“ висина покажува еден детал на крајот од првото полувреме. Вембањама толку лесно го доведе својот чувар под кошот и поентираше што беше навистина застрашувачко.
Во четвртата четвртина практично не влезе. На теренот мина само 25 минути, а за тоа време постигна 27 поени со девет скока и пет асистенции.
Ударот од поле заврши 10/18, а го расипуваа тројки кои најчесто ги погодува во висок процент, но синоќа беа 1/6.
Потсетуваме, синоќа Сан Антонио Спарс славеше победа против ЛА Клиперс со убедливи 122:86.
Од друга страна, во редовите на Клиперс единствен за истакнување беше Џејмс Харден со само 17 поени.










