Мак – фудбалот во 2024: Историја за Тиквеш, Струга ТЛ повторно шампион, промени во ФФМ, Ставрев во пензија…

419

Некој ќе рече ништо спектакуларно во мак – фудбалот во 2024 година не се случуваше. Но дали е баш така?

Каков – таков тој е фудбалот во Македонија, и мораме сите да работиме да биде подобар. А имаше моменти кои ќе останат впишани и во историјата.

Пред се тука мислиме на Тиквеш кој во финалето во Купот на Македонија ја победи Воска со 2:1 и за првпат во својата историја освои трофеј. Еуфирија во Кавадарци, фановите на овој тим просто “експлодираа“ од радост. Четата на стратегот Ѓорѓи Мојсов ја имаше најдобрата сезона во историјата на клубот а се тоа се зачини и со историски настап во Европа.No description available.

Кога сме кај ПМФЛ тука немаше никакви промени. Струга ТЛ како шампион го одбрани престолот и по втиорпат во низа стана првак на Македонија. Апсолутно заслужено.

Долго се водеше тројна битка за титулата (Струга ТЛ, Шкендија, Шкупи) но решавачко беше претпоследното коло кога во Тетово играа Шкендија и Струга ТЛ. Се беше подготвено за славје под Шара, требаше само Шкендија дома да победи, шампањското се ладеше, но Бесарт Ибрами ја одигра една од своте најдобри партии во кариерата и ја однесе титулата повторно во Струга. Уште кога се виде дека Шкупи одигра реми дома, тогаш беше се јасно дека стружани се шампиони.

Настапот во Европа на Струга ТЛ, Шкендија и Тиквеш нема да го коментираме. Само кавадарчани на тие осум европски средби на овие три наши екипи успеаја да забележат една победа.

Се друго беше лошо, да не кажеме очајно.

По низата на скандали на раководството на ФФМ што се случуваа во минатиот период нормално беше да дојде до промени во Федерацијата. На 22 декември за нов претседател и тоа со акламација беше избран Масар Омерагиќ, Муамед Сејдини сега е само историја.

Горан Пандев, Илија Најдоски, Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов се новите лица во ФФМ како директори или советници. Нов потпретседател е Марјан Стојкоски – Манта, нов селектор на У-21 селекцијата е Горан Станиќ.

Во есенскиот дел во ПМФЛ во новата сезона токму Станиќ и неговиот Работнички беа хит. Да, Силекс е есенски шампион но само поради подобрата гол разлика од еден гол од Шкендија и Работнички а и поради скандалозните судиски одлуки на последните два меча на Силекс со Гостивар и Вардар кога судиите не свиреа чисти пенали за ривалите на кратовци.

Но, тоа е тоа. Силекс заврши како прв и поради одличниот тренер Александар Васоски.

Покрај овие три тима напролет во битката за титулата тука се и силниот Гостивар и шампионот Струга ТЛ.

Ќе биде супер интересно.

Вардар во 2024 прво се спаси од испаѓање и тоа во бараж а во есенскиот дел новото раководство решаваше стари и наталожени проблеми. Фактот дека во изминатите денови нашиот најтрофеен клуб се засили со шестмина нови играчи кажува каков ќе биде Вардар напролет.No description available.

За крај да го споменеме и пензионирањето на Александар Ставрев. Судијата кој важи за најдобар македонски судија во изминатите три децении на самостојна Македонија. Заедно со својот помошник Дејан Костадинов, Ставрев се прости од “свирката“, но затоа сега ќе биде, како што и му доликува, еден од главните во Судиската комисија во ФФМ.

ПретходноЧебет го подобри сопствениот светски рекорд на 5 километри
СледноАнтонио е друг човек по сообраќајната несреќа