Почетокот на секоја Нова Година веќе долго време уште на стартот носи возбудливи денови. Секој јануари е резервиран за македонската ракометна репрезентација која е редовен учесник на големите натпреварувања.
Ништо поразлично нема да биде ниту овој јануари. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници утре продолжуваат со подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи во три земји, а за нас Македонците во центарот на вниманието е Хрватска, поточно Вараждин.
Нашиот најдобар национален тим ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја во рамките на групната фаза, а најдобро тритепласирани екипи одат во главната рунда.
СпортСпорт подготви календар со највжните датму, иако се уште е рано да се зборува за главната рунда, сепак одлучивме да ги заокружиме и тие датму, цврсто веруваме дека на Македонија местото и е токму во тој дел од натпреварување.
- 15.01.2025 – Унгарија – Македонија – 20:30 часот
- 17.01.2025 – Холандија – Македонија – 18:00 часот
- 19.01.2025 – Македонија – Гвинеја – 20:30 часот











