Чебет го подобри сопствениот светски рекорд на 5 километри

82

Кениската тркачка на долги патеки Беатрис Чебет ја заврши годината на најдобар можен начин. Таа го собори го сопствениот рекорд од 5 километри на друмска трка во Барселона.

Пред една година, исто така во Барселона, Чебет истрча светски рекорд од 14 минути и 13 секунди, а овој вторник стана првата жена што ја проби бариерата од 14 минути, а сега новиот светски рекорд е 13 минути и 54. секунди.

„Сè се одвиваше точно според планот, а од старт почувствував дека имам време под 14 минути. Двапати во Барселона и два светски рекорди. Дали би можела да побарам повеќе од тоа“, изјави Чебет. 

 

ПретходноСрѓан Благојевиќ и официјално е нов тренер на Партизан
СледноМак – фудбалот во 2024: Историја за Тиквеш, Струга ТЛ повторно шампион, промени во ФФМ, Ставрев во пензија…