Завесата на 29-то Светското првенство денеска ќе биде спуштена. Во Осло, во битката за златниот медал силите ќе ги одмерат, бранителот Данска и Хрватска, мечот е закажан во 18 часот. Претходно во дуелот за третото место ќе се сретнат Франција и Португалија (15 часот). Единствено што нешто што е познато пред стартот на двете средби е дека рекордот на Кирил Лазаров од 2009 година, ќе остане негибнат.
Пред 16 години, најдобриот македонски ракометар постигна 92 погодоци, оттогаш никој не успеа да го урне. На врвот на стрелци на ова Светското првенство е Матијас Гидсел. Данскиот репрезентативец има 62 гола, далеку од рекордот на нашиот Кире.










