СП финале: Хрватска VS Данска во епска битка за златото!

869

Денеска со двата последни меча завршува СП 2025 во ракомет. Прво од 15 часот во “Јунити Арената“ во Осло во меч за 3.место играат Франција – Португалија, во меч кој судат нашите Николов и Начевски, за да од 18 часот се игра големото финале.

Финале во кое фантастичната Хрватска ќе ја предизвика Данска, непобедливата Данска која оди по својот четврти трофеј светски првк во низа. Нешто што кажува која е Данска, каква “монструозна“ селекција е таа под водство на селекторот Николај Јакобсен. Просто непобедлива, селекцика која просто ги “уништува“ своите ривали.

Од Хрватска како домаќин или кооорганизатор на ова СП можеби се очекуваше добар резултат, ама ретко кој ни во сон не помослуваше дека избраниците на Дагур “Хрватсон“ Сигурдсон, ќе се најдат на 60 минути до златниот медал.

Со каква борбенот и жар играа Хрватите досега, и јасно е дека ако некој може да им ги замрси сметките на Данците, тоа е само Хрватска во овој момент. Ова ќе биде меч и за простување со Дувњак и Карачиќ, легендите на хрватскиот ракомет, посебно се мисли тука на Домагој.

Хрватска е во ракометна еуфорија, цела јавност смета дека нивната репрезентација може да се носи со Данците. Многу фанови се преселија во Осло, таму имаат Хрватите проблеми со билетите, но секако дека голем дел од нив ќе се снајдат.

Од друга страна Данците се однесуваат како веќе да го освоиле златото. Селекторот Јакобсен ги респектира противниците, со респект говори за селекцијата на Хрватска, но затоа дел од неговите избраници, а посебно Мелберг смета дека тие ќе ја уништат Хрватска.

Ова ќе биде финале за ракометно уживање. Хрватска против Данска, дуел на две големи репрезентации во битката за златото. Image

ПретходноИнтер го претстави Залевски како ново засилување! (ФОТО)
СледноИ после 16 години рекордот на Лазаров ќе остане негибнат