Нема крај на маките, проблемите и глупостите кои ги прави тимот на Манчестер Јунајтед сезонава.
Попладнево тимот од Олд Трафорд, на домешен терен успеа да да загуби од Кристал Палас со конечни 0:2.
По солидно одиграното прво полувреме, се очекуваше дополнителен притисок на Манчестер кон противничкиот гол но се случи сосема спротивното. Палас беше тој кој што погоди во домашната мрежа, преку Матета.
Можеби Јунајтед и ќе направеше нешто повеќе, ако немаше десетминутен прекин поради страшната повреда на Лисандро Мартинез. По истата веќе Јунајтед немаше ниту сила ниту концентрација да направи нешто повеќе, а тоа Палас го искористи. Матета повторно стрелец за 0:2, и нова бламажа на тимот на Јунајтед.
Од друга страна пак, екипата на Тотенхем со автоголот на Џанелт во првиот дел односно Сар во самиот финиш на мечот освои три бода на гостувањето кај Брендфорд.










