„Редовно го гледам Шумахер, но го почитувам изборот на неговото семејство“

339

Мајкл Шумашер (56) во 2013 година доживеа несреќа на скијање. Седумкратниот светски шампион во Ф1 падна додека скијаше надвор од патеката и ја удри главата во карпа, поради што претрпе трајно оштетување на мозокот. По несреќата, тој бил ставен во индуцирана кома, од која се разбудил во април 2014 година. Германецот потоа бил префрлен во семеен дом во Швајцарија, од каде во јавноста се објавуваат многу малку информации за неговата состојба.

Многу негови обожаватели би сакале да знаат каква е неговата здравствена состојба, но тие информации не се достапни. Жан Тод (78), шефот на Шумахер во Ферари, кој стана и негов пријател, во интервју за La Repubblica беше прашан за состојбата на познатиот возач.

“Семејството одлучи да не одговара на прашања за неговата состојба. Го почитувам нивниот избор. Редовно се гледам со него и неговото семејство. Нашата врска оди подалеку од поранешната деловна соработка, тоа е дел од мојот живот, кој сега е далеку од Формула 1”, изјави Тод, кој беше задолжен за Ферари за време на пет од седумте титули на Шумахер.

Минатата година се појавија информации дека Шумахер присуствувал на венчавката на ќерката на Џина Марија во Мајорка, но неговиот пријател Џони Херберт, кој се натпреварувал во Формула 1 во периодот од 1989 до 2000 година, рекол дека тоа не е вистина.

ПретходноШекил застана во одбрана на Дончиќ: Имав скоро 200 килограми кога играв, оставете го Лука на мира
СледноОткриен е планот на Рашфорд: Нема да им се допадне ниту на Астон Вила, ниту на Јунајтед!