Лидерот во Премиерлигата, Ливерпул е заинтересиран за трансфер на уругвајскиот дефанзивец од Барселона Роналд Араухо. Според изданието на „Ел Национал“, англискиот клуб го разгледува 25-годишниот играч како можна замена за Вирџил ван Дајк, чиј договор истекува ова лето.
Барселона е подготвена да ги разгледа понудите за Араухо кои ќе бидат во висина од најмалку 60 милиони евра. Араухо оваа сезона одигра осум натпревари за Барселона во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол и имаше една асистенција.
Актуелниот договор на Уругваецот со Каталонците е до летото 2031 година.